Крушево
Крушево – мета на балканскиот параглајдерски крем
Првично место на одржување требаше да биде Трескавец, но поради метео условите се леташе од Новоселски рид на 14 км западно од Прилеп, и од Крушево.
Натпреварот се состоеше од 5 серии во кои 3-то место го освои Мартин Јованоски, втор беше Миле Јованоски, а нијанси одлучуваа за освојување на првото место, кое овојпат му припадна на Албанскиот натпреварувач Ислами.
Спортскиот викенд во Прилеп уште еднаш го претстави градот под Марковите кули како одличен домаќин, домашните параглајдеристи како врв на Балканскиот Параглајдинг, особено членовите на Параглајдинг клуб“Делта”.